Рускиот дизајнер Кирил Истомин концепирал одличен колоритен ентериер за овој 100-квадратен стан кој се наоѓа во центарот на Москва. Најзастапени се виолетовата, зелената и црвената боја, и истите внесуваат топлина во просторот кој успешно ѝ пркоси на ладната руска метропола. Мебелот е испириран од 20-от век, а тапетите и бојадисаните ѕидови овозможуваат дополнителна динамика во ентериерот. Во секоја соба има барем едно парче мебел, украс или слика со потписот на некој познат светски уметник, со што се надополнува гламурот. Станот е создаден за комфорен живот на едно 4-члено семејство.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!