Top
Happy Woman Cleaning Home, Singing At Mop Like At Microphone And

Трикови за полесно чистење во домот

Бришењето на прашината е вистински проблем посебно кога ги немате вистинските „алатки“. Крпата која најчесто ја користите или предизвикува само разлетување или ако се одлучите да ја потопите во вода, тогаш целата прашина останува на стаклените површини. Има неколку трикови кои ќе ви го олеснат чистењето на домот:

Влажни марамчиња
Лаптопот можете наједноставно да го исчистите со помош на влажни марамчиња. Протресете го од можни отпадоци меѓу копчињата и избришете го со влажните марамчиња.

Омекнувач
Направете смеса од ¼ омекнувач и ¾ вода. Со оваа течност полесно ќе можете да ги бришете стаклените површини и останатите површини каде најмногу се собира прашината. Потоа уште еднаш поминете ги површините со сува крпа.

Меки четки
Употребете мали меки четки за бришење и чистење на тешко достапните површини како и за ситниците. За тоа може да ви помогнат старите четки за шминкање кои секако не ги употребувате веќе.

Хулахопки и чорапи
Употребете ги старите хулахопки или чорапи за собирање на поголемите парчиња прашина кои се собираат под кујната и мебелот. Заврзете ги на обичен стап и со нив собирајте ги парчињата прашина кои се собираат на тепихот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>