Top
pica

Тесто за пица кое успева секогаш

Многу домаќинки пробале различни рецепти за домашно тесто за пица, но најчесто обидите им биле неуспешни. Токму затоа, денес ви презентираме рецепт за тесто кој е многу едноставен и секогаш успева.

За подготовка на тестото за пица се потребни следниве состојки:
– 600g брашно
– 5g сув квасец
– 300ml млако млеко
– 250ml млака вода
– 2 лажици морска сол
– 1 лажица шеќер
– 100ml маслиново масло

Подготовка:
Во голем сад ставете ги брашното, солта и шеќерот и измешајте ги. Потоа во средината направете длабина и ставете го сувиот квасец. Врз квасецот прелијте ги млекото и водата и почнете да месите постепено додавајќи го маслото. Замесеното тесто оставете го да отстои половина час на собна температура. Откако ќе стаса, размесете го тестото и оставете го на собна температура да отстои околу 1 час. Потоа развлечете кора со дебелина од 1cm и додадете ги своите омилени состојки за пица.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *