Top
kafe

Здрави засладувачи на кафе

Стручните лица за здрава исхрана велат дека треба да се внесува минимална количина на шеќер во текот на еден ден. Затоа, утринското кафе засладете го со здрави засладувачи.

Стевија
Овој засладувач се добива од преработка на ливчињата на истоимената билка, стевија, која е 30 пати послатка од шеќерната репка (се користи за производство на кристален шеќер). Таа е природен засладувач кој нема калории, не предизвикува кариес и не го зголемува нивото на гликоза во крвта, па токму затоа се препорачува на дијабетичари и лица кои имаат проблем со телесната тежина.

Мед
Медот е производ на цветен нектар, како на пример, багремов, цветен, нектар од жалфија. Тој е одличен извор на витамини и минерали. Освен тоа, медот има антибактериски својства кои го смируваат воспаленото грло, надразнетиот желудник и комплетниот дигестивен систем и претставува вистинска бомба за имунитетот.

Кокосов шеќер
Овој шеќер се добива од растителниот сок од кокосовите цветови кои се сушат на високи температури. Токму затоа, овој шеќер добива темна боја. Кокосовиот шеќер е богат извор на минерали, како на пример железо и магнезиум, а има ниска количина на гликоза поради што се препорачува за дијабетичарите.

Кафеав шеќер
Кафеавиот шеќер се добива со делумно рафинирање на шеќерна трска поради што има потемна боја од класичниот рафиниран шеќер. Тој има поголема влажност и лепливост за разлика од белиот шеќер. Во процесот на неговото производство делумно остануваат одредени минерали и хранливи продукти поради кои е многу поздрав избор за засладување од белиот шеќер.

Вештачки засладувачи
Овие засладувачи се синтетизираат по индустриски пат, а најчесто можете да ги најдете во течна форма, како прашок или таблети. Тие имаат вкус кој е сличен на шеќерот, но не содржат сахароза и имаат и минимална количина калории.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>