Бидејќи веќе помина половина од летото, нема потреба да ја трошите својата енергија на било какви диети кои гарантираат брз губиток на килограми. Но, за промена на животните навики никогаш не е доцна. Затоа, треба да знаете како можете да го обликувате своето тело со здрава исхрана и промени во животните навики.
- Oд својата исхрана задолжително елиминирајте чипсови, соленки, слатки кои содржат во себе голема количина шеќери, бидејќи тие ја спречуваат можноста за губење килограми. Ако ви се пријаде благичко, каснете свежо овошје, а потребата за грицкање задоволете ја со бадеми, ореви, семки од тиква, сончоглед или лешници.
- Мрсната храна во текот на летото никако не смее да се најде во вашето дневно мени, бидејќи таквите оброци доведуваат до омалаксаност, напнатост, забавување на работата на метаболизмот, создавање масни наслаги. Наместо пржена храна, практикувајте супи и чорби со многу зеленчук. Освен тоа, не заборавајте да изедете 2-3 порции свежо овошје.
- Јаглехидратите како ориз, тестенини и леб, предизвикуваат покачување на нивото на шеќер во крвта и како такви се најголема закана на витката линија. Одвикнете се од лошите навики, исфрлете ја лошата храна и заменете ја со леќа, боранија и свежи салати.
- Газираните сокови и алкохолот се преполни со калории кои многу лесно се лепат во критичните зони и создаваат масни наслаги кои ги задржуваат течностите во телото. Жедта изгаснете ја со свежо цедени сокови. Идеален е сокот од ананас, бидејќи содржи бромелин – ензим кој поттикнува разложување на протеините кои се поврзани со задржување на течностите во организмот.
- Чувството за жед многу пати го поистоветуваме со чувство за глад, па веднаш посегнуваме по грицки. Веднаш штом ќе станете наутро, напијте се голема чаша вода и правете го тоа секогаш кога ќе се појават оние лажни сигнали на глад.
- Луѓето кои не појадуваат полесно накачуваат килограми. Но, сепак треба да внимавате што ќе појадувате бидејќи одредени типови храна ја намалуваат енергијата. Хранливиот и здрав појадок ја поттикнува брзата работа на метаболизмот, а со самото тоа и губењето килограми. Појадувајте храна богата со протеини која ќе ве наполни со енергија и ќе ве одржи сити.
- Седењето е најголемата причина поради која се дебелееме. Кога седиме, телото постепено ја губи способноста за согорување на вишокот масти. Затоа наутро вежбајте барам 10 минути, а кога сте на работа, станете и размрдајте се малку.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!