Top
hrana_za_zajaknuvanje_na_mozok

Храна која го зајакнува мозокот

Правилната исхрана има големо значење за вашето физичко, но и ментално здравје. Мозокот, срцето, белите дробови и муслулите бараат хранливи материи. Во продолжение прочитајте која храна има позитивно влијание врз мозокот.

  • Житни култури
    Како и на секој дел од нашето тело, така и на мозокот му е потребна енергија за да функционира. Способноста за концентрација доаѓа од соодветниот проток на енергија во облик на глукоза во крвта. Тоа можете да го постигнете преку консумирање житарки со низок ГИ (гликемиски индекс), кој полека ослободува гликоза во крвта и дава енергија.

  • Риба
    Есенцијални масни киселини не се присутни во нашето тело, па затоа потребата за нив треба да ја внесеме преку храна. Најефективните омега-3 масни киселини ги има во рибата. Добри извори на овие масни киселини се и ленено семе, масло од ленено семе, масло од соја, семки од тиква, ореви и соја. Тие се одлични за здравјето на мозокот, срцето, зголобовите и целокупната благосостојба на организмот.

  • Боровинки
    Резултатите од истражување од кое било спроведено на Универзитетот Тафтс во САД покажуваат дека јадењето боровинки има голема ефикасност во подобрувањето на функцијата на мозокот.

  • Домати
    Ликопенот, моќен антиоксиданс кој го има во доматите, има уникатна способност да оневозможи слободните радикали да ги оштетат мозочните клетки.

  • Витамини
    Витамините Б6, Б12 и фолната киселина го намалуваат нивото на хомоцистеин во крвта. Зголеменото ниво на хомоцистеин се поврзува со зголемување на ризикот од мозочен удар и Алцхајмерова болест.

  • Црна рибизла
    Веќе добро е познато дека витаминот Ц ја зголемува менталната агилност. Еден од најдобрите извори на овој витамин е токму црната рибизла.

  • Семки од тиква
    Потребно ви е секојдневно консумирање на само неколку семки од тиква за да ја добиете препорачаната дневна количина на цинк, која е од исклучително значење за подобрување на памтењето и размислувањето.

  • Брокула
    Брокулата е одличен извор на витамин К, кој ги подобрува конгитивните функции.

  • Ореви
    Една студија објавена во Американско списание за епидемиологија покажува дека внесувањето на витамин Е може да помогне во спречување на конгитивниот пад, особено кај постари лица. Ореви, маслинки, аспарагус, јајца и ориз се одлични извори на овој витамин.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>