Замислете само колку би било лошо доколку добиете циклус токму на првиот ден од летувањето. Ова сигурно го имаат доживеано многу жени, но тоа не мора да значи дека повеќе нема да можете да уживате на плажа. Во продолжение прочитајте ги одговорите на најчестите прашања кои се поврзуваат со летувањето и менструалниот циклус.
Дали смеам да се капам на првиот ден од циклусот?
Доколку имате уреден циклус и помали крварења, може да се капите уште првиот ден, но времето кое ќе го поминете нека биде кратко и со користење на тампон. Тампонот заменете го после секое излегување од вода. Ако крварењата ви се пообилни, подобро е да почекате ден-два.
Дали смеам да се сончам додека трае циклусот?
Сончањето во текот на најтоплите часови во денот тсекогаш треба да ги избегнувате. Но, во доцните попладневни часови кога сонцето е послабо, можете да се сончате. Оние кои имаат силни крварења треба да го избегнуваат директното изложување на сонце.
Што треба да направам по летувањето?
После летувањето задолжително посетете го својот гинеколог. Промената на средината може да го поремети циклусот, а капењето, мокрите костими за капење и седењето на јавни површини во костим за капење може да предизвикаат воспаленија или бактериски реакции кои треба да се лекуваат.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!