Top
diet-sok

Пијалок со јогурт кој ги топи мастите

Веќе е крајно време да преземеме нешто против масните наслаги и целулитот кои ги добивме оваа зима. Станува збор за освежителен и вкусен пијалок кој е идеален за појадок, ужина или вечера, бидејќи има состојки имаат позитивно влијание врз регулацијата на телесната тежина и целулитот.

За подготовка на овој диететски пијалок потребни се седниве состојки:
ЈОГУРТ - совршено дејствува на мастите во телото и го регулира варењето на храната
БОРОВИНКИ, МАЛИНИ ИЛИ РИБИЗЛИ - силни антиоксиданси богати со витамин Ц кои го поттикнуваат создавањето на колаген, ја негуваат кожата и го решаваат проблемот со кожата со изглед на кора од портокал
ЃУМБИР - ја подобрува циркулацијата и ја прави кожата мека
БАНАНА - содржи голема количина калиум кој го регулира задржувањето на водата во организмот

Подготовката е едноставна: се матат сите состојки во блендер сè додека смесата не се соедини. Ѓумбирот има многу јак вкус, па затоа ставете само мало парче. Ако одлучите пијалокот да го консумирате за појадок, комбинирајте го со житарки и бадеми.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>