Top
chia-len

Што е подобро: чиа или ленено семе?

Во последно време многу се зборува за здравата храна, а оние кои избрале здрав начин на живот често консумираат ленено или чиа семе бидејќи се богати со хранливи состојки кои се добредојдени за нашиот организам.

Дали знаете кое семе е подобро и похранливо?

Чиа семето е нешто помалку калорично од лененото. Освен тоа, чиата содржи повеќе хранливи влакна, повеќе калциум и фосфор.

Од друга страна, лененото семе содржи повеќе омега 3 масни киселини и антиоксидански за разлика од чиа семето кои се клучни за спречување на карциномот од кој било вид.

Кога станува збор за контрола на апетитот, лененото семе е поефикасно. Луѓето повеќе го избираат бидејќи има подостапна цена за разлика од чиа семето.

Изборот останува на вас, а доколку практикувате здрава исхрана и финансиите тоа ви го дозволуваат вклучете ги и двете во исхраната.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *