Top
coconut-ilike-mk

Овошки кои имаат моќ да ги стопат масните наслаги

Голем дел од овошките содржат прекумерна количина природни шеќери кои многу брзо се претвораат во масти, но постојат и одредени видови овошје кои помагаат во согорување на мастите и калориите, а нивниот секојдневен внес помага во слабеењето.

Авокадо
Авокадото содржи голема количина омега-9 масни киселини, го забрзува претворањето на мастите во енергија и ја подобрува работата на метаболизмот.

Лимон
Одржувањето на здравјето на црниот дроб е темел на способноста на организмот да ги обработува и согорува мастите, бидејќи овој орган е одговорен за тие функции. Во овој случај може да помогне лимонот, бидејќи тој врши детоксикација на црниот дроб, а со тоа го одржува неговото здравје. Покрај тоа, лимонот има многубројни придобивки за целокупното здравје.

Кокос
Кокосот е богат со триглицериди, заситува и помала е веројаноста дека ќе посегнете по грицки после него.

Цитрони
Голем број истражувања потврдуваат дека цитроните се одлично овошје кое помага во губење на килограмите. Едно од тие истражувања покажува дека жените кои секојдневно јаделе цитрони, за 13 месеци успеале да изгубат повеќе од 10 килограми, без промени во исхраната и начинот на живот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *