Top
stomatolog

Совети за бели заби без кариес

Уште од мали нозе знаеме дека забите треба да се четкаат редовно, но малку знаеме за хигиената на усната шуплина.

Паста за заби со флуор
Во усната шуплина може да се развијат над 500 различни типа на бактерии, но поголем дел од нив нема да направат штета на забите. Стоматолозите велат дека кариесот може да се спречи со редовно четкање на забите и нивно чистење со конец за заби. Пастата за заби која содржи флуор ќе ви помогне да ја зајакнете глеѓта. Колку подолго пастата останува на забите, толку подобро.

Важно е четкањето навечер
Уредната хигиена подразбира четкање на забите барем два пати дневно – наутро и навечер. Според стоматолозите, четкањето навечер пред спиење е многу поважно. Во текот на ноќта, додека спиеме, произведуваме помалку плунка која инаку ги отстранува бактериите од забите. Затоа навечер бактериите многу полесно се шират. Ако помеѓу забите има храна која не сте ја исчеткале, бактериите дополнително ќе се размножат и ќе создадат киселини кои ѝ наштетуваат на глеѓта и доведуваат до кариес. Во текот на денот, нормалното создавање плунка во усната шуплина ќе ве спаси од настанувањето на поголемиот дел од тие бактерии.

Редовна посета на стоматолог
Ако одите на стоматолог само кога ве боли заб, да знаете дека правите голема грешка. Без оглед на тоа колку водите грижа за забите и хигиената на усната шуплина, важна е редовната посета на стоматолог. Се препорачува посета на стоматолог еднаш или два пати годишно.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>