Top

Одморот е најдобар лек за настинки

Германскиот научен магазин „Naturartz“ вели дека најдобриот лек за настинка и зголемената телесна температура е токму одморот. Лекарствата наменети за регулирање на телесната температура може делумно да ја подобрат ситуацијата, по што луѓето веднаш стануваат од кревет за да ги завршат своите секојдневни обврски и не одмораат доволно. Консумирањето течности е особено важно бидејќи овозможува да се одржат влажни слузниците во текот на настинката и вирозата. Овошјето и зеленчукот се препорачуваат со цел телото да добе повеќе витамини, а ренот и лукот се препорачуваат како две нешта кои го спречуваат вирусот и бактериите, истовремено јакнејќи го имунолошкиот систем. Но, пред сѐ, не заборавајте убаво да се одморите и наспиете!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *