Top
Dietata-na-Zhan-Mitrev-iLike-mk-F

Популарната диета на Д-р Жан Митрев со која симнатите килограми гарантирано не се враќаат

Доктор Жан Митрев е роден на 11 јануари 1961 година, во Штип. Тој е еден од најпознатите македонски кардиохирурзи и основач на првата специјализирана болница по кардиохирургија во Македонија, „Филип Втори“.

Освен во Македонија, работел во Германија и Швајцарија. Добитник е на голем број награди и признанија.

Неговата диета е една од најпознатите во борбата против вишокот килограми и истата нема негативни ефекти врз здравјето.

Диетата се држи вкупно 15 дена, но поделени во 3 серии: 5 дена режим, а потоа 2 дена пауза во кои јадете што ќе посакате.

ДЕН 1

Доручек: 1 овошје (портокал, круша, праска, диња, лубеница, но не банана и грозје), 1 парче двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер.

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце и 1 канче кисело млеко.

Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, зелена салата и 2 парчиња двопек.

ДЕН 2

Доручек: 1 овошје (портокал, круша, праска, диња, лубеница, но не банана и грозје), 1 парче двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер.

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце и 1 канче кисело млеко.

Вечера: 125 грама варено телешко месо, 1 домат, 1 портокал, 1 парче двопек, 1 шолја чај или кафе без шеќер.

ДЕН 3

Доручек: 1 овошје (портокал, круша, праска, диња, лубеница, но не банана и грозје), 1 парче двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер.

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 канче кисело млеко и зелена салата.

Вечера: 125 грама варено телешко месо, 1 портокал, 1 парче двопек и 1 шолја чај или кафе без шеќер.

ДЕН 4

Доручек: 1 овошје (портокал, круша, праска, диња, лубеница, но не банана и грозје), 1 парче двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер.

Ручек: 125 грама кравјо сирење, 1 домат и 1 парче двопек.

Вечера: 125 грама варено телешко месо, 2 домати, 1 јаболко и 1 парче двопек.

ДЕН 5

Доручек: 1 овошје (портокал, круша, праска, диња, лубеница, но не банана и грозје), 1 парче двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер.

Ручек: 200 грама варено телешко месо или риба, 1 домат и 1 парче двопек.

Вечера: ½ килограм варен зеленчук (морков, грашок, компир), 1 варено јајце и 1 парче двопек.

НАПОМЕНА:
Месото и варениот зеленчук се зачинуваат со вегета и црн бибер. За време на диетата не би било препорачливо да конзумирате алкохолни пијалаци.

Изгубените килограми нема да ги вратите доколку по завршувањето на диетата јадете нормално, освен секој понеделник кога треба да се придржувате кон следниов режим: доручек – 1 чаша сок од лимон без шеќер, ручек – 1 јаболко и 1 парче двопек, вечера – 1 варено јајце, 1 домат и 1 парче двопек.

Сите намирници мора да се земаат по наведениот редослед и не смее да се изостави ниту една!




9 Коментари

  • lile gigovska вели:

    Ve molam da mi odgovorite, sakam da ja drzam ovaa dieta,megutoa imam zaboluvanje na crniot drob. Poradi terapijata sto ja primav, mnogu se popraviv. Sega vo momentov sum samo na ursofalk, i sed custvuvam dobro rezultatite mi se super.

    Blagodaram, pozzz

    • Jasna Grozdanovska вели:

      Najdobro bi bilo da se konsultirate so doktorot koj go sledel vaseto zaboluvanje i vi prepisal Ursofalk pred da pocnete so bilo kakva dieta. Ne bi trebalo da ima nikakov problem, bidejki dietata na Dr. Zan Mitrev e kompletno prilagodena na hranlivite potrebi na organizmot, odnosno vnesuvate se sto mu e potrebno na organizmot, vo potrebnite kolicini. No sepak primate nekakva terapija i najdobro bi bilo kompletno da zakrepne organizmot pred da ste na dieta, pa za pocetok izbegnuvajte seker, bel leb i gazirani sokovi, odnosno eliminirajte gi jaglehidratite od ishranata.

  • Mereme вели:

    Dali mozam da pijam voda, kafe, caj, poveke od sto e na pisano vo dieta. Pozdrav

  • Xxx вели:

    Sakam da prasam?
    Dali vo denovite kiga e dozvoleno da se jade se smee da se konzumira alkohol?

  • Estira demirovska вели:

    Sakam da prasam dali smeam varenoto telesko meso da go zamenam so pilesko?

  • Estira demirovska вели:

    Sakam da prasam mozam li teleskoto mrso ds go.zamrnam so pilrsko

  • marija stojkoska.. вели:

    sakam da prasam dali so ovaja dieta mozam da go namalam kolicestvoto na sejker vo krvta

  • vesna jovanovska вели:

    Dali kolicinski treba sekoj obrok da bide Vo taa kolucina primer Vo petok mnogu mi doaga jadenje se prejaduvam I Dali tuka moze da se pijat sokovi prirodni I kafe poveke

  • Julijana dobrevska вели:

    Jas odam vo smeni po dve prva vtora treta i bi sakala da prasam kako da go is kombiniram denot koga ke si dojdam od treta dali togas da doruckuvam pa da spijam ili…

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *