Top
Odmor_sekoi_2_meseci_iLike_mk

Зошто нѝ е потребен одмор на секои 2 месеци?

Некогаш ни беа потребни само две недели да поминеме на летување и да бидеме исполнети со енергија, која е неопходна да ги поминеме наредните 11 месеци. Меѓутоа, поради забрзаното темпо на живот и сè поголемиот работен ден, ова е веќе одамна минато.

За да не нè скрши секојдневниот стрес, како физички, така и психички, во денешно време на вработените личности потребни им се дури шест одмори годишно. Или, попрецизно на одмор треба да се оди на секои 62 дена за да не се чувствуваме агресивни и болни, па доколку пак ги послушаме стручните лица ќе останеме свежи и фокусирани .

Во студијата на “Post Office Travel Insurance” речиси една четвртина од работниците изјавиле дека се под толку голем притисок, поради што очајнички им е потребен одмор. Само 20% од испитаниците одат на одмор два пати во годината. А, некои пак после 2 дена отсуство од работа се чувствуваат потполно регенерирано. Студијата, исто така, покажала дека мажите полесно се опуштаат од жените, поточно на жените им се потребни повеќе денови одмор да се освежат од работата и стресните ситуации.

Од поглед на работодавач, вработениот кој не бил на годишен одмор ќе биде помалку продуктивен и склон на грешки, додава Кари Купер – професор по психологија на Универзитетот Ланкастер.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>