Овие намирници се богати со омега 3 масни киселини и протеини, одржуваат ситост на организмот, а исто така не дебелеат.
Риби
Рибите се богати со омега 3 масни киселини и протеини. Нивниот недостаток придонесува лошо спиење во текот на ноќта, а тоа води кон нездрава исхрана. Иста е ситуацијата и со белото пилешко месо.
Ореви
Тие го зголемуваат нивото на магнезиум, а исто така изобилуваат и со омега-3 масни киселини. Ќе ви помогнат подобро да спиете, а и да го намалите ризикот од болести на срцето, рак и дијабетис. Идеални се за вечера затоа што ќе ве држат сити, исто како и бадемите.
Млечни производи
Млекото е богато со калциум, а освен што ќе ви помогне при топењето на салото, калциумот ќе ви го подобри и сонот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!