Top
Caj

Зошто да пиете чај од цимет?

За да намалите телесна тежина, треба да ја промените исхраната и да додадете физичка активност. Драстичното слабеење за краток временски период воопшто не е здраво. Процесот на слабеење може да го забрза чајот од цимет кој благотворно делува на топење на вишокот килограми. Освен тоа, за да избегнете прејадување во текот на зимските денови, можете да започнете со консумирање чај од цимет, кој може да го намали зголеменото чувство на глад.

Едно истражување спроведено во 2012-та година покажа дека циметот позитивно влијае на зајакнување на имунитетот, го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта, може да ја подобри циркулацијата и да го намали апетитот.

Потребни состојки:
1 чаша вода
1 лажичка мед
1 стапче цимет
1/2 исцеден лимон

Ставете го стапчето цимет во водата и почекајте да зоврие. Потоа истурете го исцедениот лимон и додадете мед кога водата малку ќе се излади. За уште поголема ефикасност, можете да додадете ѓумбир или бибер.

Најдобро е да се консумира по една шолја од овој чај на ден наутро.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>