Top
Various

Лоши навики кои им штетат на забите

Одредени лоши навики кои ги правиме секојдневно може да доведат до оштетување на забите. Следниве нешта влијаат на здравјето и убавината на вашите заби.

Цигари
Кај пушачите на забите се создава никотински пигмент, а подложни се и на многу болести. Ако пушите цигари, постои двојно поголема шанса за прерано губење на забите, отколку кај непушачите.

Пирсинг на јазикот
Постојаното удирање на металот од пирсот со забите ќе ја оштети забната глеѓ.

Погрешна паста за заби и четкичка
Избегнувајте употреба на груби четкички за заби и секогаш изберете мека или средно мека четкичка. Кога станува збор за пастата, секогаш одлучувајте се за онаа која содржи флуор.

Забен камен
На наслагите од забниот камен се собираат бактерии кои им штетат на забите. За да го решите овој проблем, барем два пати годишно чистете го забниот камен.

Газирани сокови
Газираните пијалаци изобилуваат со шеќери, а кога доаѓаат во допир со бактериите во устата создаваат силни киселини кои им штетат на забите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>