Top
grozje

Црно или бело грозје?

Грозјето е овошје кое содржи вредни витамини и минерали и многу други хранливи состојки кои имаат позитивно влијание на човечкото здравје.

Црно грозје
Црното грозје изобилува со антиоксиданс, ресвератрол коj позитивно влијаат врз човечкиот организам, особено на кардиоваскуларниот систем. Ресвератролот го спречува згрутчувањето на крвта и одземање на работата на срцевиот мускул, ја поттикнува циркулацијата, го ублажува воспалението на цревата , а позитивно влијае и кај дијабетес. Црното грозје е богато со антоцијани и флавоноиди кои се борат против слободните радикали во телото, а содржат и значајни количини на бега каротен, магнезиум, бакар, калциум и железо, како и витамин Ц, К и Е.

Бело грозје
Белото грозје нема толку хранливи состојки како црното, но тоа не значи дека треба да го избегнувате. Тоа е добар извор на витамин А, Ц и К, и минерали како калциум и железо. Нутриционистите истакнуваат дека ова овошје го решава проблемот со варење на храната и дека белото грозје има помалку оксална киселина од црното грозје кои некои студии го поврзуваат со создавање на камчиња во бубрезите. Во умерени количини, и црното и белото грозје се добар сојузник на здравата исхрана.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>