Top
Tikva

Есенски плодови кои се корисни за здравјето

Изборот на сезонско овошје и зеленчук во текот на есента и зимата значително се намалува, но тоа не значи дека треба да се откажете од исхраната богата со витамини и минерали кои ги внесуваме преку овошјето и зеленчукот.

Овие плодови се богати со хранливи состојки, го јакнат имунитетот и ви помагаат да се чувствувате подобро!

Тиква
Богата е со витамин Ц кој е клучен за добар имунитет и високо ниво на витамин А кој ќе помогне вашата кожа да изгледа здраво, а добар е и за очите.

Прокељ
Помага за побрзо исфрлување на токсините од телото. Содржи витамин К кој е клулен за добра работа на мозочните функции.

Јаболка
Богати се со антиоксиданси кои штитат од најразлични болести. Го помагаат варењето на храната и прават да се чувствуваме помалку уморни.

Компир
Тој е богат со магнезиум и натриум – минерали кои се потребни за баланс на течностите во телото и нормална функција на мускулите во нашето тело.

Пашканат
Содржи доста хранливи состојки, најважни од нив се витамините Б5 и Б6 кои се важен фактор за намалување на стресот, подобрување на работата на метаболизмот и повеќе енергија.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>