Здрави, силни и сјајни нокти се главната убава одлика на убавите раце. Сите ние, често ги оштетуваме ноктите со гел, лак за нокти и недоволна грижа.
Ако забележите дека ноктите ви се пожолтени и се склони кон пукање, тоа е знак дека им е потребна поинтензивна нега.
Ви презентираме рецепт за едноставен препарат што ќе ги направи вашите нокти поцврсти.
Измешајте една лажица морска сол со една лажица сок од лимон и половина литар топла вода. Потопете ги ноктите во водата и држете ги околу 15 минути. Добро исплакнете ги само со вода, а потоа на рацете нанесете богат слој хидратантна крема.
После туширање, можете ноктите да ги масирате со маслиново масло, што дополнително ќе ги хидрира. Повторувајте ја оваа постапка секој ден или секој втор ден две недели и наскоро вашите нокти ќе станат поздрави, посилни, посјајни и посветли.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!