Top
ovesni_snegulki

Овес за прочистување на организмот и сјајна кожа

Со внесување на несоодветна и неурамнотежена исхрана се таложат отрови во организмот и се загрозува здравјето, па затоа многу е важно повремено да се спроведе чистење на црниот дроб и цревата од складираните отрови. Ако имате проблеми со дигестивниот систем и притоа и сакате да изгубите некој килограм, пробајте го овој рецепт кој ќе ви помогне за многу кратко време да ги прочистите цревата и значително да го подобрите изгледот на вашата кожа. Третманот трае триесет дена и помага да се нормализира метаболизмот и да се ослободите од вишокот килограми. По третманот ќе се чувствувате многу поздраво, полесно и помладо.

Секое утро на гладно се јаде порција овес за која ви се потребни следниве состојки: 5 лажици овесни снегулки, 5 (ладна превриена) лажици вода, 1 лажица млеко или јогурт, 5 парчиња јаткасто овошје (бадеми, ореви, лешници) и 1 лажичка мед. Овесните снегулки се преливаат со водата и се остават да отстојат 15-20 минути. Потоа се додаваат и останатите состојки, се промешува и се јаде полека за се убаво да се изџвака. По порцијата овес наутро не треба да јадете и пиете ништо барем три часа (ниту кафе или чај).

Во текот на денот треба да се внесат најмалку 2 литри течност, а најдобро е тоа да биде вода и зелен чај.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>