Миризбата од стапалата може да претставува голем проблем и да биде непријатна за околината. Негуваните и убави стапала се одраз на вашата хигиена. Тие влијаат врз вашата репрезентативност.
Чевлите од антилоп или пластични материјали ја задржуваат влажноста. Тоа значи дека бактериите полесно се шират, предизвикуваат влажнење и уште полоша миризба на стапалата. Без разлика која врста на чевли ќе носите, трудете се да не носите ист чифт два дена по ред. Најдобра мерка за спречување на лошата миризба од стапалата е добрата хигиена. Користете антибактериски сапун со кој темелно ќе ги измиете стапалата. Ова нека ви стане секојдневна навика.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!