Top
Holivudska-maska-za-lice-iLike-mk

Холивудска маска за лице на целосно природна база

Наместо скапи креми, серуми и маски за лице, за убавината и свежиот изглед, фокусирајте се кон природата. Зошто да трошите пари на скапи козметички препарати, кога кожата може да се негува со производите кои ги имате на дофат на рака?

Бананите, медот, јогуртот, квасецот, млекото и маслиновото масло се само некои од производите кои нашите баби и мајки ги користеле за нега на кожата, бидејќи во нив се скриени многу витамини и минерали важни за одржување и освежување на кожата на лицето.

Ако сакате, свеж изглед на филмска убавица, ви предлагаме да ја испробате оваа позната холивудска маска за лице, за која ви се потребни:

- 2 лажици пченкарно брашно, и
– 1 белка од јајце.

Измешајте добро, нанесете на лице и оставете да делува 20 минути. Потоа, со чиста газа отстранете ја маската и исплакнете го лицете со млака вода.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>