Павлаката е производ кој поседува неверојатни својства, кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини (А, Е, Б1, Б2, и Ц). Се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги. Маските од павлака се идеални за сите типови кожа.
За подготовка на маската е потребно:
1 лажица павлака
1 жолчка од јајце
1 лажица алое
Нанесете неколку слоеви од маската на лицето, деколтето и вратот, а штом се исуши едниот слој, нанесете нов. После 20-30 минути исплакнете го лицето најпрво со топла, а после тоа со ладна вода. Маската има неверојатен ефект – подмладува, ја освежува и храни кожата.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!