Top
gradnici_1

Градници за облека со голи рамена

Во текот на летниот период најмногу сакаме да носиме лесна облека и облека со голи рамена. Затоа треба да одберете градник кој цврсто ќе ги држи вашите гради, а притоа нема да има прерамки. Во продолжение погледнете три модели на градници кои ќе ви го овозможат токму тоа.

Градник со појачани корпи
Овој модел на градник е идеален за венчаници и за елегантни вечерни тоалети со голи рамена. Практичен е и за жени со мали гради, бидејќи појачаните корпи даваат push-up ефект, a силиконските ленти спречуваа негово лизгање. Мазниот материјал нема да го оштети материјалот на облеката која ја носите.

Украсен градник
Градник со чипка или дезен можете да носите доколку носите малку проѕирна маичка или пак ако носите топ кој има широки отвори под раката.

Градник за деколте
Самостоечките градници без прерамки не мора да бидат резервирани само за маици и фустани со голи рамена, туку и за маички и фустани кои имаат подлабоко деколте. Спуштениот дел помеѓу двете корпи е одличен за нагласување на најженствениот дел од телото.

Градници за облека со голи рамена




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>