Top
Природни средства за отстранување на шминка

Природни средства за отстранување на шминка

Млекото има моќ да ги отстрани и најдлабоките слоеви на шминка. Слично на него делува и краставицата, а маслиновото масло може да ја острани и водоотпорната маскара. Секојдневното отстранување на шминката со млеко за отстранување може да ја надразни и иритира кожата. Одлична замена за него се намирници кои кои ги имаме во кујна, кои не содржат хемикалии и можете да ги подготвите на едноставен начин.

  • Млеко и јогурт
    Млекото ги чисти и најдлабоките слоеви на кожата, а вистинско решение е за чувствителни очи. Тоа ја смирува кожата и ја чисти нејзината маснотија. Доволно е да помешате една лажица млеко со неколку капки бадемово масло. Слично дејство на млекото има и јогуртот.
    Јогуртот ја навлажнува кожата и ѝ ја враќа еластичноста. Него може да го помешате со неколку капки бадемово или маслиново масло.
  • Маслиново масло
    Маслиновото масло успешно ја отстранува шминката, па дури и водоотпорната маскара. Капнете неколку капки маслиново масло на памук и со него нежно поминете ги очите. Како замена за маслиново масло може да се користи бадемово масло.
  • Краставица
    Краставиците се богати со минерал кој го зајакнува сврзувачкото ткиво во кожата. Освен тоа, го поттикнуваат природното производство на колаген и го успоруваат процесот на стареење. Во блендер измешајте една краставица и половина шолја млеко. Потоа оваа смеса варете ја околу 10 минути. Откако ќе се излади, имате подготвен тоник за чистење лице. Краставицата можете да ја употребите и во поедноставна подготовка на тоник за лице, ако исцедите сок од неа и додадете неколку капки бадемово масло.

Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *