Top
devojka-so-vaga

Наместо да гладувате, променете ги животните навики

Многумина од нас имаат навика да грицкаат чипс додека гледаат телевизија. За да успеете да им одолеете на грицките, ставете ги во задниот дел од фиоката. Колку се подалеку од вашите очи, толку е помала веројатноста дека ќе посегнете по нив. Според одредени истражувања, грицките кои имаат проѕирно пакување побрзо го привлекуваат нашето внимание.
Токму затоа, и кога го полните фрижидерот, овошјето и зеленчукот чувајте ги во проѕирни садови, на почетокот на полиците, во висина на очите. Калоричните месни и млечни оброци чувајте ги во садови во боја.

  • Резервите се јадат двојно побрзо
    Секогаш кога ќе купите грицки „да има за секој случај“, ќе ги изедете за помалку од една недела. Грицките кои ги купуваме за резерва секогаш ги јадеме двојно побрзо од вообичаено. Сите грицки кои ги купувате како резерва чувајте ги на највисоките полици.
  • Внимателно со XXL пакувања
    Со големите пакувања храна губите претстава за големината на порцијата. Од нив ќе јадете не онолку колку ви се јаде, туку додека има. Затоа, избегнувајте ги XXL пакувањата.
  • Јадете во мала чинија
    Со пораст на големината на чинијата, расте и количината на оброкот. Големите чинии заменете ги со помали чинии. На тој начин ќе внесете 22% помалку калории.
  • Контраст на јадењето и чинијата
    Ако бојата на чинијата е слична со бојата на храната, тогаш ќе изедете многу повеќе. На пример, доколку ставите пире во бела чинија, нема да обрнете внимание колку сте ставиле.
  • Прво напијте се вода, па јадете
    Пред секој оброк задолжително напијте се чаша вода. Многу често, несвесно жедта ја толкуваме како глад, и затоа внесуваме непотребни калории. Половина час пред оброкот испијте голема чаша вода.
  • Не се мерете често
    Оние кои редовно се мерат на вага поуспешно се борат со килограмите. Но, стручњаците советуваат мерењето да се сведе на еднаш неделно, бидејќи на тој начин ќе ја избегнете демотивацијата која се случува поради дневните осцилации на тежината. Секогаш мерете се во ист дел од денот.
  • Опремата за вежбање чувајте ја на видно место
    Патиките за џогирање или торбата со опрема за вежбање во теретана чувајте ги на место каде поминувате често. Нивната позиција на видно место ќе ве мотивира и потсети дека треба да бидете активни.
  • Избегнувајте тестенини
    Наместо леб и тестенини јадете повеќе овошје и зеленчук. Ако не можете да се откажете од ле, јадете барем еден ден стар леб.
  • Недоволното спиење поттикнува поголем апетит
    Кога имате недостаток на сон, вашето тело произведува повеќе хормон грелин кој стимулира апетит, а помалку хормон лептин кој на мозокот му сигнализира дека организмот е сит.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>