Top

5 пријателки кои секоја жена треба да ги има

Пријателите се за цел живот, но секој од нив има посебна улога. Почнувајќи од тоа дека секој е различен, со некои е пријатно да се биде во друштво, со други од време на време пиеме кафе, додека со трети нема разделување. Токму поради тоа, не треба да бараме многу од луѓето, туку треба да се фокусираме на она што тие најдобро знаат да ни го покажат. Еве кои пет пријателки треба да ги има секоја жена.

МОТИВАТОР
Можеби се работи за личност која ја познавате долго време, или пак скоро сте ја запознале, но како и да е, оваа жена ја сакаме бидејќи има позитивен став за животот. За неа чашата секогаш е полу полна. Со жена мотиватор се чувствувате посреќно и попозитивно, и секогаш ќе ве потсетува на нешта кои отсекогаш сте сакале да ги искусите, но не сте имале доволно храброст.

СОВЕТНИК
Оваа пријателка ја познавате уште од мали нозе. Со неа сте си играле во градинка, сте учеле во исто училиште т.е. заедно сте пораснале. Секогаш ве разбира и никогаш не ѝ се правдате за било која постапка. Пријателката од детството знае каде и како сте пораснале, ги познава вашите родители, браќа и сестри. Толку добро ве познава што дури и некои ваши иритирачки навики повеќе не и пречат.

МАШКИ ПРИЈАТЕЛ
Вашиот брат, колега, пријател од школските денови или дечко со кој одамна сте расчистиле и сте сфатиле дека многу подобро се разбирате без интимна врска, се примери за машки пријател. Тој може да ви помогне да бидете упорни, наметливи и можеби малку повеќе себични, што воопшто не е лоша карактеристика. Секако, може да ви помогне да го дешифрирате однесувањето на вашиот партнер и да ви даде поглед врз машкиот свет на размислувањето.

МЛАДА МАЈКА ОД СОСЕДСТВОТО
Ова е комшиката со која се зближивте бидејќи и двете имате мали деца, а со тоа и друштво за шетање со нив. Таа ќе ги почува вашите деца кога итно мора да излезете, или пак ќе ги однесе во градинка. Во иста ситуација е како и вие, па ве разбира и ви дава корисни совети. Во животот ви се потребни пријателки кои разбираат колку е тешко да ги прилагодите секојдневните обврски кога сте мајка. Поради тоа секогаш е полесно да се дружите со личности кои ќе ве сфатат во целост.

ИСКРЕНА ПРИЈАТЕЛКА
Оваа пријателка секогаш ќе ви ја кажува вистината, колку и да е болна. Искрена, директна и ентузијаст. Искреното мислење секогаш се цени, па баш поради тоа таа е одлична пријателка. Не се работи само за физичкиот изглед, новата фризура или изгледот во некоја облека, туку оваа пријателка без двоумење ќе ви каже дека партнерот не се однесува кон вас онака како што би требало или доколку некои односи со вашите колеги не се во ред.

Автор: Ивана Витановска




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>