Top
talia_iLike_mk

13-годишна девојка болна од канцер среќно ги живее нејзините последни денови

Талија Џои Кастелано е тинејџерка од Флорида која веќе 5 години се бори со канцерот. Таа има леукемија на коскената срж и канцер на нервното ткиво. Докторите ја советувале да направи трансплантација на коскена срж, но Талија сметала дека нема да ја издржи трансплантацијата и одлучила среќно да ги живее нејзините последни денови.



Во меѓувреме, Талија добила интересна идеја и креирала свој јутуб канал каде ги споделува секојдневните искуства во борбата со оваа тешка болест.

Веќе немам многу опции за лечење! Докторите ми дадоа две опции: или да направам трансплантација или да го живеам остатокот од мојот живот и да уживам во него. Канцерот во мојот живот е како едно ужасно патување, а секое патување има свој крај.” – вели Талија во едно од нејзините видеа.

Покрај видео клиповите со искуства од болеста на кои добива поддршка од милиони гледачи, Талија снима и видео клипови со интересни идеи за шминкање. Нејзината популарност ја закити со насловна страна на магазинот “Cover Girl”, а деновиве добила можност да го реализира нејзиниот долгогодишен сон за дизајнирање облека. Познатата дизајнерка Урбана Чапа ја поддржа Талија во нејзината идеја. Дизајнерката Чапа на свои 19 години имала дијагностицирано канцер, но успеала да го победи.
Колекцијата ја дизајниравме во болница. И покрај болките, ние зборувавме, се смеевме и цртавме. Срцето ме боли бидејќи точно знам низ што поминува Талија и дека има многу работи во кои сака да успее, а толку малку време.” – вели Чапа.

Автор: IVY

iLiKE.MK ПРИМА НОВИ АВТОРИ! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ТУКА.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>