Top
vistinska_prijatelka

Дали имате вистинска другарка?

Вистински пријателства не се градат лесно, потребно е време и труд за да се добие вистинско пријателство. Не за џабе се вели дека вистински пријателства се наоѓаат лесно, но за да прераснат во пријателства за цел живот треба време. Можете да дознаете дали имате вистински пријател доколку се пронаоѓате во следните реченици.

• Една на друга си ги познавате сите пријатели и родинини, често сте гостин на сите важни настани(свадби, крштевки, слави, родендени и сл). Во нејзината куќа се чувствувате како во својата.

• Вашата најдобра пријателка ги знае сите незгодни ситуации во кои сте се нашле низ годините и знае од што се срамите и ден денес.

• Една на друга сте си утеха и потпора кога и да е тоа потребно.

• За љубовта и сексот разговарате најотворено, таа е личноста на која ќе се јавите веднаш после добриот состанок, после раскинувањето, после секој важен момент за вас…

• Споделувате сѐ, тоа што е ваше е и нејзино, и обратно.

• Си ги кажувате една на друга сите тајни, дурии и оние за кои сте мислеле дека никому ниогаш нема да можете да ги кажете.

• Поминувате заедно низ сите тешки животни ситуации.

• Правите планови како ќе изгледа вашето дружење кога ќе бидете стари баби, затоа што едноставно не можете да ја замислите иднината една без друга.

• Умеете заедно да молчите. Тоа може да се воспостави само помеѓу луѓе кои вистински се почитуваат и сакаат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>