Top
cveke_vo_domot

Зошто да чувате цвеќиња во домот?

Сигурно и вие сте забележале дека кога сте во близина на цвеќиња се чувствувате некако поубаво. Неодамнешно истражување открива дека токму опкружувањето со цвеќиња е можеби наједноставниот начин да го подобрите расположението. Цвеќето кај луѓето поттикнува чувство на среќа и задоволство од животот, а влијае и на тоа како луѓето се однесуваат во одредени друштвени ситуации.

Моментално го менува расположението
Кога некој ќе добие подарок цвеќе, речиси во истиот момент тоа лице го обзема чувство на среќа и му изнудува насмевка на лицето. Тоа е показател за исклучително задоволство, а во истражувањето такво влијание цвеќето имало кај сите возрасни групи.

Долгорочно го подобрува расположението
Луѓето кои добиваат цвеќе се помалку вознемирени, депресивни и немирни, повеќе уживаат во сé што ги опкружува и се позадоволни од оние кои не добиваат цвеќе.

Го олеснува формирањето на поинтимни врски со другите
Луѓето кои се опкружени со цвеќе се подруштвени и се изложуваат на повеќе контакт со другите луѓе, особено со семејствата и пријателите.

Го прави просторот поведар и создава атмосфера на гостољубивост
Најголемиот дел од луѓето го поставуваат цвеќето на добро видливи места, на пример во дневната соба или во ходнико, односно ставаат цвеќе во просториите на својот дом во кои гостите се добродојдени.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>