Top
be_happy

Убави нешта во животот кои ги забораваме

Постојат мали нешта во животот на кои не им обрнуваме внимание, а кои се толку многу важни. Тие нѐ прават среќни.

Песната на птиците
Кога последен пат сте застанале, сте ги затвориле очите и сте го слушале пеењето на птиците? Иако мора да градат гнезда, да собираат храна, да летаат од едно до друго место за да бараат засолниште од лошите временски услови, сепак пеат додека го прават ова.

Детската смеа
Нивната смеа е звукот на најчистата радост која извира од нивните малечки срца за да допре до нас, кои одвреме-навреме забораваат да се насмевнат. Смеењето е лек за сите грижи.

Ѕвездите на небото
Магично убави и далечни, нѐ потсетуваат дека и во најтемните ноќи има барем малку светлина и дека не е се така црно како што нам ни изгледа.

Квалитетен разговор
Добриот разговор со некој близок секогаш прави да се чувствуваме поубаво. Затоа, колку и брзо да живеете, не заборавајте да разговарате. Со вашиот партнер, со децата, со родителите, со пријателите…

Моќта на новиот ден
Секој ден е нова шанса во твојот живот. Можност да бидеш подобар. Време за да ги оствариш своите соништа. Прилика за да направиш добро дело.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>