Мажите исклучително ценат одредени женски особини, а ако размислите подобро тоа се истите работи кои и жените ги сакаат кај мажите.
ИСКРЕНОСТ
Во светот на лажна љубов, лажни комплименти и љубомора, искреноста е вистински погодок. Мажите сакаат искрени жени, па дур и кога вистината нема да им се допадне и ги налути, добро ќе размслат за вашите зборови и ќе ја ценат вашата искреност.
ЕМПАТИЧНОСТ
Мажите и жените се комплетно различни и не можат да го сфатат однесувањето на другиот пол. На мажите им е важно жената да знае да ги сослуша и да се обиде да ги разбере кога им е тешко.
ПРИФАЌАЊЕ
Никој не е совршен. Мажите сакаат партнерката да ги прифати онакви какви што се, без да посака да ги промени.
ДОВЕРБА
На секој маж му значи многу партнерката да му верува, бидејќи тоа му дава сила и сигурност.
АМБИЦИОЗНОСТ
Секоја личност која е амбициозна ја посакува истата особина и кај својата друга половна. Па така и мажите сакаат способни бизнис жени.
ДОМАЌИНСКИ ИНСТИНКТ
На вистинскиот маж не му е потребна домаќинка која секој ден готви и чисти, туку жена која во нивниот дом ќе внесе топлина, интима и рамнотежа. Мажите го сакаат чувството на сигурност кое може да им го даде жена.
ПОДДРШКА
Вообичаено се силни и самостојни, но на мажите во голема мера им е потребна поддршка, односно личност која верува во нив. Ако жената верува во него, тоа го прави подобар човек.
ПРИЗЕМНОСТ
Не постои нешто поубаво од жена која се чувствува добро во својата кожа и не и е потребно материјализирање на љубовта. Тоа на мажот му овозможува да се покаже во вистинско светло и да открие колку партнерката му значи, но не со подароци, туку со дела.
ДОСЛЕДНОСТ
Мажите сакаат жени кои имаат сопствен став, а особено му е драго кога го браните пред другите.
ЕДИНСТВЕНОСТ
Мажите сакаат природна жена која се претставува во вистинско светло, со сите нејзини доблести и маани.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!