Top
karanica

Што мислат, а што кажуваат жените?

Мажите во принцип не сакаат двосмислени изјави и прашања, а дел од нив жените упорно ги прават. Веројатно вистинската причина е што секогаш постои некое вистинско значење на она што го премолчуваме и тоа се крие зад она што навистина го кажуваме. Ако имате нешто да му кажете, направете го тоа директно и отворено.

Кажуваат: Повторно играш игри?
Мислат: Престани да играш барем една минута и забележи ме!

Кажуваат: Зашто ти треба цела вечност да ми одговориш?
Мислат: Сакам да запреш што и да правиш и внимателно да ме сослушаш!

Кажуваат: Прави што сакаш!
Мислат: Сакам да направиш она што јас сакам!

Кажуваат: Повеќе од времето поминуваш со пријателите отколку со мене!
Мислат: Сакам да посветиш повеќе време за мене!

Кажуваат: Се е во ред!
Мислат: Нормално дека не е во ред! Треба да ми се извиниш!

Кажуваат: Сеедно ми е!
Мислат: Воопшто не ми е сеедно, само не ти верувам!

Кажуваат: На ништо не те присилувам!
Мислат: Очекувам тоа да го направиш!

Кажуваат: Мислиш дека е згодна?
Мислат: Мислиш дека е позгодна од мене!

Кажуваат: Тргни ми се од пред очи и остави ме на мир!
Мислат: Сакам да ми се извиниш и да ме прегрнеш!

Кажуваат: Ти одлучи!
Мислат: Ќе одлучиш за она што јас сакам или не е на арно!

Кажуваат: Само ти уживај!
Мислат: Ќе зажалиш подоцна!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>