Мажите едноставно го обожаваат утринскиот секс. Сексот е одлична сензуална игра која можете да ја практикувате наместо будење со кафе.
Ако мажот се разбуди прв
Најдобрата поза во овој случај е “Spoon”. Идеална е во моментот кога партнерката се буди, чувствителна е и романтична. Во оваа поза, партнерите лежат свртен на иста страна, мажот е позади жената, со благо свиткани нозе. Мажот треба да се доближи до нејзиниот грб и ја припива до себе. Таа треба малку да ги рашири нозете за да може тој да „влезе“ во неа. Оваа поза не овозможува длабока пенетрација во жената, но мажот треба да ја стимулира галејќи и ги градите, клиторис и со бакнежи во вратот и зад ушите. Позата гарантира нежен и бавен секс.
Ако жената се разбуди прва
Кога жената се буди прва, може да започне со галење на машкиот полов орган и нежно да седне врз него. Позата е идеална за жените бидејќи на тој начин може да го контролираат ритамот на сексот и длабочината на пенетрацијата. Денот после вакво утро, во кое жената презема иницијатива, ветува одличен ден.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!