Top
pegi

Нешта кои мажите ги обожаваат кај жените

Мажите и жените имаат потполно различни гледишта кога станува збор за убавина и привлечност. Додека жените гледаат секогаш да мирисаат убаво, кожата да им биде мазна и затегната, мажите обрнуваат внимание на сосем други нешта.

УБАВО ЧЕКОРЕЊЕ
Облеката ги привлекува мажите, но елегантното женско чекорење е многу попривлечно од краткото здолниште.

ПРИРОДЕН МИРИС НА НЕЈЗИНАТА КОЖА
Мирисот на крема или парфем е пријатен, но мирисот на кожата е нешто сосем поинакво и посебно.

ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПОГЛЕДОТ ПОДОЛГО ОД ДВЕ СЕКУНДИ
Има нешто посебно во женскиот поглед. Оној кој трае подолго од две секунди е знак дека таа е заинтересирана, а за мажот тоа претставува комплимент, но и предизвик.

НЕЈЗИНОТО ЛИЦЕ КОГА СЕ БУДИ
Малку потечено лице и замижан поглед во комбинација со насмевка е нешто што е неверојатно привлечно за вљубените мажи.

РАЗБУШАВЕНА КОСА
Мажите многу повеќе ја сакаат разбушавената коса, со природен пад, отколку коса со беспрекорен изглед. Особено го обожаваат изгледот на косата кога станувате од спиење.

ПОСТОЈАНО Е НАСМЕАНА
Весела и позитивна личност е вистински магнет за мажите. Токму затоа, насмевката е е еден од најсилните адути кои жените може да ги искористат во привлекување на еден маж.

ПЕГИ
Пудрата е одлично ги прикрива недостатоците на лицето. Но, сепак, тие претпочитаат природен изглед, а пегите и несовршеностите ги сметаат за неодоливи.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>