Top
pogled-niz-prozorec

Поучна приказна: Поглед преку прозорецот

Еден млад брачен пар се доселил во ново место на живеење. Следното утро кога појадувале, жената ја забележала сосетката како закачува алишта на жицата и рекла: „Може ѝ треба нов детергент за перење, за да ја испере подобро облеката“. Мажот молчеливо го набљудувал настанот, но не рекол ништо. „Колку нечисти алишта. Воопшто не знае да пере!„, рекла жената. Секој пат кога сосетката закачувала алишта, коментарот бил ист…

Месец дена подоцна, жената се зачудила кога едно утро видела како алиштата на сосетката се чисти. Таа му рекла на мажот: „Погледни! Конечно научила добро да пере алишта. Кој ли ја научил? Или можеби купила нов детергент?“

Мажот и одговорил: „Никој. Јас денес станав порано и ги исчистив прозорците.“

Исто е и во животот. Сè зависи од тоа колку е чист прозорецот низ кој гледаме. Пред да почнеме да критикуваме, треба да провериме да не е валкан нашиот поглед. Дури тогаш можеме да погледнеме колку е чисто срцето на другиот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>