Домот на свекрвата е место каде снаата секогаш е мета на набљудување. По некое непишано правило, свекрвата секогаш бара и најмала мана кај снаата. Затоа, ако сакате да станете омилена снаа и да негувате добри односи со свекрвата, прочитајте кои нешта не смеете да ги изговорите пред неа.
Зошто мора да се јавувате секој ден?
Одговорот на ова прашање е нешто што не би сакале да ви се случи ни во најлошиот ноќен кошмар, бидејќи мајката не минува ден без да праша што појадувал нејзиниот син, што ќе руча и дали е најаден. Ако тој рече дека не му се допаѓа храната, мама веднаш ќе му зготви нешто.
Не сакам да седам дома и да раѓам деца додека вашиот син гради кариера
Во нејзино време, местото на жената било во домот, со деца, а за кариера не ни се помислувало додека не пораснат децата. И секако, ако одлучите да бидете мајка и да градите кариера, очекувајте критики од неа. Ако сакате да зачувате добар однос со свекрвата, ставете ѝ до знаење дека нејзиното мислење ви е важно.
Не готвите убаво
Ни во лудило не смее да ви падне на памет да го критикувате нејзиното готвење. Наместо тоа, изедете две порции или побарајте малку и за дома, а после дискретната пофалба побарајте ѝ рецепт.
Вашиот син е неверојатно добар во кревет
Пред неа не го спомнувајте зборот „секс“ и не алудирајте на таа вечно табу тема. Таа едноставно не сака да знае што прави нејзиниот син во кревет.
Бараме куќна помошничка, бидејќи пеглањето и чистењето за мене е губење време
Според неа не треба некоја непозната жена да ги пегла кошулите на нејзиниот син, да го мести вашиот брачен кревет или да го пере вашиот долен веш. Во никој случај не треба да спомнете дека ви треба помошничка, бидејќи тоа се нешта кои треба да останат помеѓу четирите ѕида на вашиот дом. Таа го правела сето тоа додека го растела вашиот сопруг и неговиот брат или сестра.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!