Секоја врска, за да биде успешна, треба да има и компромиси. Но, постојат нешта кои во никој случај не треба да се толерираат.
Претерана контрола
Ако сте во врска со некој што е опседнат со контрола да чепка по вашиот мобилен и да бара да му се јавувате со кого сте и каде сте во секој момент, дефинитивно сте го избрале погрешниот.
Љубомора
Кога постои во мала мера како доказ на љубов е сосема во ред, но често се случува несвесно да ги преминеме границите и од слатка љубомора стануваме опсесивни лудаци. Врската во која постои недоверба може само да предизвика кавги, кои во никој случај не се добри за опстанок на врската.
Желба за промена
Во врската морате барем малку да се промените. Но ако сте во врска со некој што сака целосно да ве промени за совршено да му одговарате, големи се шансите на крајот се изгубите себе. Ако тој не може да ве прифати онаква каква што сте, не сте добра двојка.
Нерамнотежа во домашните работи
Нормално е во една врска да успеете да се договорите и да ги поделите домашните обврски на начин на кој секој ќе биде подеднакво ангажиран и задоволен. Ако сте во врска во која се чувствувате како слугинка, и неговото однесување не можете да го смените, тогаш тој не е за вас.
Лаги
Ако вашиот партнер постојано нешто крие и ја избегнува вистината, ослободете се од него колку е можно побрзо бидејќи ве чека врска полна со стрес и со проблеми.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!