Сексолозите составија листа со 9 машки атрибути на кои не би можела да им одолее никоја жена.
Меѓу нив се убави сочни усни, продорни очи, како и мускулести раце.
ПРОДОРНИ ОЧИ
Очите се првото нешто кое жените го приметуваат кај еден маж. Доколку се продорни, привлечни и педизвикувачки, успехот е загарантиран.
СОЧНИ УСНИ
Многу жени сакаат мажи со полни усни, не само поради убавиот изглед, туку и поради некои интимни работи кои можат да им ги овозможат.
УБАВО ОБЛИКУВАНИ РАМЕНИЦИ
Едно истражување покажало дека жените најмногу сакаат широки раменици. Жените се изјасниле дека убаво градени раменици се знак на мажественост. Цврсти раменици може да претставуваат еден од најжешките машки атрибути.
ЦВРСТИ ГРАДИ
Исто како и мажите, така и жените имаат слабост кон машките гради. Но жените, за разлика од мажите кои може да се возбудат и на силикони, сакаат природни гради.
ГОЛЕМИ БИЦЕПСИ
Бицепсите се асоцијација за моќност, но се и показател дека мажот се грижи за својот физички изглед. Цврстите машки раце ги будат женските фантазии.
РАМЕН СТОМАК
Пивскиот стомак воопшто не е секси. Стомакот не мора да биде цврст како камен, но секој може да се потруди да одржува рамен стомак.
НЕГУВАНИ ДЛАНКИ
Жените се возбудуваат на убави, меки и негувани дланки. Тие откриваат многу за мажите, како на пример со што се занимаваат и колку се грижат за својата хигиена.
ДОБАР ЗАДНИК
Жените не се разликуваат многу од мажите кога станува збор за задникот. Секоја жена сака да допре добар задник. Повеќето жени преферираат мали и цврсти задници.
ПЕНИС
Повеќето жени сакаат пенис со просечна големина, не преголем, но не и премногу мал. Тие преферираат волуменозен пенис чија боја е иста со остатокот од кожата на телото.
Сепак, најважна е хигиената.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!