Според студијата објавена во тексашкиот здравствено-научен центар во Хјустон, мажите што консумираат кофеин еквивалентен на количина во 2-3 филџани кафе дневно, имаат посилен пенис. Всушност, кај нив ризикот од еректилна дисфункција е помал.
Во оваа студија се покажа дека мажите што консумираат помеѓу 85 и 170 милиграми кофеин на ден имаат 42% помали шанси да страдаат од проблеми со ерекцијата, отколку оние што не се љубители на кофеинот. Оние мажи кои консумират од 171 до 303 милиграми кофеин, пак, имаат 39% помали шанси за проблеми при перформансите во креветот.
Во спроведената студија, покрај кафето се земени во предвид повеќе извори на кофеин, како чај, сода и спортски пијалоци. Кофеинот ги прави мускулите во пенисот порелаксирани, а токму таквите релаксирани фиброзни мускули значат поголем проток на крв, па оттаму и поцврста ерекција.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!