Top
tip zeni

Каков тип на жени преферираат мажите?

Жените за да привлечат треба да бидат убави или паметни. Во едно неодaмна спроведено истражување мажите биле прашувани дали попрво би сакале да бидат со интелигентна и образована жена или со убавица.

Резултатите од истражувањето кое било објавено во списанието „European Review of Social Psychology“ покажуваат дека мажите кои бараат животна партнерка го избираат мозокот пред физичкиот изглед. Научниците проучувале неколку култури и откриле дека во земјите каде што жените се рамноправни со мажите, тие попрво би биле со жена која е интелигентна и образована, наместо убава. Тоа произлегува од социјалните норми и сфаќања, како и потребата жената финансиски да придонесува за издржувањето на семејството, односно и двата партнера да заработуваат и подеднакво да придонесуваат во домот.

Не е редок случај во поразвиените земји жените да имаат поголема плата од својот партнер, но за разлика од порано, тоа веќе не им смета на мажите, туку токму напротив. Сите ние сакаме во животот да ни биде подобро и полесно, а не полошо. Токму затоа и мажите почнале да гледаат кон поголемата слика. Од друга страна пак, жените ги избираат мажите најпрво според изгледот, додека интелигенцијата и образованоста ги одржуваат како важен критериум, но пониско на листата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *