Дознајте седум вистини за мажите кои се однесуваат на нивните ставови за љубовните врски, жените, сексот, работата и фамилијата.
Утринската ерекција не е поврзана со фактот што се будат покрај жена
За многу жени ова ќе биде вистинско разочарување, но вистината е таква. Според магазинот „Men’s Health“, во најголем процент утринската ерекција се случува поради сонот кој го имале во текот на ноќта. Всушност, во текот на рем фазите на сонот, мажите имаат тенденција да сонуваат жешки соништа, и тоа од 2 до 5 во една вечер.
Понекогаш сакаат да бидат сами
Според магазинот „GQ“, мажите навистина сакаат да поминат една вечер сами во својот дом, да слушаат музика, да гледаат филм, спортски натпревар, или пак, едноставно да читаат некоја добра книга.
Постојаното присуство на девојка не е неопхпдно.
Сакаат жени борци
Жените кои се однесуваат како вистински борци се вистински предизвик за секој маж. Мажите сакаат кога жените се борат и докажуваат дека се спремни да направат сè за човекот крај себе.
Обожуваат луксузни автомобил
Сјајот на скапите автомобили го окупира машкото око. Им се восхитуваат на скапите автомобиле без никаква резерва и уживаат во тоа. Автомобилите за нив се исто како чевлите за жените.
Љубомората не е афродизијак
За некои мажи сцените на затворање телефон или кубење коса се знаци на љубов. Но, повеќето мажи екстремната љубомора ја третираат како знак на живот полн со правдање, надзор и сомнежи. Едноставно, оваа карактеристика не е дел од предиграта.
Бараат љубовни совети
Мажите бараат љубовни совети од своите пријатели, меѓутоа не толку често како жените. Сепак, и мажите знаат да прозборат за своите љубовни проблеми пред своите пријатели.
Нервозата од работа ја пренесуваат дома
Еден американски професор по психологија вели дека мажот кој имал тежок ден на работа, подоцна нема да има сила и желба да се грижи за својата жена.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!