Top
5-zhenski-seks-tajni-iLike-mk

5 женски секс тајни кои тешко ќе ги откриете

Мажите речиси ништо не знаат за најинтимните потреби на жените. Веројатно причината се состои во срамежливоста на жената отворено да споделува вакви информцаии.

Секоја жена е различна, но повеќето ќе се сложат околу следниве точки:

1. ТАА САКА СЕКС ЗА ВРЕМЕ НА МЕНСТРУАЛНИОТ ЦИКЛУС
Генерално, ова е точно, но треба да се знаат неколку нешта врзани за оваа специфична ситуација. Туширањето пред сексуалниот чин е задолжително. Проблем со кој може да се соочите е повремено сува вагина. Ако користи тампони, по отстранувањето пред сексот, очекувајте малку понеудобно триење. Лубрикантот нека ви биде на дофат на рака. Интимата ќе се загрее прилично брзо, но сексот „на суво“ може да биде непријатен и болен. Добрата страна е што таму доле може да стане премногу влажно за кусо време. А, ќе бидете мошне расположени благодарение на хормоните.

2. ЖЕНИТЕ НЕ САКААТ СЕКС БЕЗ ПРЕСТАН
Како припадник на посилниот пол, треба да знаете кога да се повлечете, опуштите и уживате во други нешта. Задоволната девојка крај вас не ја упропастувајте предводени од потребата постојано да се докажувате. Т.н. секс-машини постојат, но жените претпочитаат вистински љубовник. Жените сакаат оргазм исто како и вие, но сосем доволен е еден. Вториот е бонус, но не треба да вклучува мачење и очајнички потези за да успее. Ако таа е расположена за повеќе, без гајле, ќе ви даде до знаење.

3. БРЗИТЕ ПРСТИ МОЖАТ ДА БИДАТ МНОГУ НЕПРИЈАТНИ
Кога ги користите прстите за да ја задоволите својата жена, запаметете дека влезот во вагината има голем број нервни завршетоци, за разлика од внатрешноста. Па, за таа да чувствува задоволство, треба да се држите до одредени зони: надворешниот влез во вагината, внатрешноста при површината и фамозната Г-точка. Бидете нежни, ако таа сака нешто повеќе, ќе ви каже. Чистите, исечени и уредни нокти се задолжителни. Ова е особено важно доколку не сакате да ја повредите и инфицирате.

4. ТАА НЕ САКА ДА ПРОБУВА НОВИ И СОМНИТЕЛНИ НЕШТА
Постојат толку многу нешта што таа сака да ги проба, но не се осудува да ги каже или да ги иницира. Всушност, тука спаѓаат нешта кои се плаши да ги направи: анален секс, игра со прстите, секс на јавно место, играње улоги и сл. Иако, нема ништо премногу страшно во сето тоа. Многу луѓе ги прават, а резултатите можат да бидат повеќе од добри. Започнете ги вие темите, но без инсистирање. Дадете ѝ до знаење дека со вас може отворено да зборува за своите скриени фантазии.
Како алтернатива – составете секс листи и разменете ги. Напишете ги вашите фантазии, погледнете ги и проучете ги нејзините. Веројатно ќе се најдете на средина.

5. ТАА Е СЕКОГАШ РАСПОЛОЖЕНА ЗА УТРИНСКИ СЕКС
Генерално, секоја жена е расположена за секс рано наутро, но се срами јавно да признае. Па, искористете ја утринската ерекција и благо допрете ги вагиналните усни. Повторете го тоа неколку пати и многу е веројатно дека суптилното заведување ќе ви успее. Трикот се состои во тоа да ја доведете од сонлива состојба до состојба на висока возбуденост. Оралниот секс може да биде еднакво корисен, ако вие лично сте расположени за тоа. Сеедно, ако се решите за првиот трик, навлажнете го пенисот пред да го употребите. Па така, наместо нервозно да ви каже „Аман, само што се разбудив!“, одговорот ќе гласи „Ммммм… ова е мошне добро!“.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>