Лубеницата е убедливо најосвежувачко летно овошје, за многумина омилен десерт, но и неизоставен дел на многу летни коктели и шејкови. Таа изобилува со витамини, антиоксиданси и минерали. Овој пат ви презентираме едно поинакво уживање, освежување со пијана лубеница.
Потребни состојки:
– лубеница
– ½l водка
– 250g сецкан ананас
– 250g сецкани праски
Начин на подготовка:
Лубеницата измијте и ставете ја во ладилник. Потоа исечете круг во горниот дел и со лажица испразнете ја внатрешноста на лубеницата. Откако ќе го направите тоа, додадете ги водката и парчињата овошје. Потоа во блендер изматете го оној дел од лубеницата кој го отстранивте претходно, додајте го во лубеницата и ставете ја во фрижидер. Пред да ја послужите, додадете неколку коцки лед.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!