Сладоледот е убедливо најслаткиот начин за освежување во текот на летото, а Nutella е убедливо најслаткиот намаз што постои. Токму затоа, денес ви презентираме рецепт кои ќе ги спои овие две слатки нешта, а кој се подготвува со 4 состојки.
Потребни состојки:
- мало пакување Nutella
- 600ml слатка павлака
- 300ml млеко
- чоколадо со лешници
Начин на подготовка:
Во сад за матење, пенесто изматете ги млекото и слатката павлака. Потоа додадете Nutella и матете подолго време, бидејќи таа побавно се топи и поврзува со остатокот од смесата. На крај додадете ситни прачиња чоколадо и изматете. Доколку сакате сладоледот да биде покремаст, оставете го 4 часа во замрзнувач, потоа ставете ја смесата во блендер, измешајте ја и повторно ставете ја во замрзнувач 4 часа.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!