Top
koktel

Безалкохолни освежувачки летни коктели

Внесувањето течности во организмот и консумирањето овошје се особено препорачливи во текот на летниот период, но и воопшто. Многумина од вас веројатно и не успеваат да им одолеат на лубеница, праски, диња, сливи и многу други овошки. Истите може да ги консумирате свежи, да ги употребите за коктел или пак да додадете парчиња за вода со вкус.

Коктел од сливи и јаболка
Сливите изматете ги со малку мед, цимет и две лажички балсамиран оцет. Додадете минерална вода и сок од јаболка. Оставете го коктелот убаво да се олади, а потоа уживајте во него.

Сладок коктел од праски и манго
Исецкајте едно манго и две праски на ситни парчиња, додајте половина шолја сок од праска и измешајте ги во блендер. Добиената смеса оставете ја половина час во фрижидер. Потоа додате 2-3 лажици шеќер и минерална вода.

Освежување со лубеница
За овој, веројатно најосвежувачки коктел потребни ви се 8 шолји исечкана лубеница, шолја вода, 1/3 шолја шеќер, 1/4 шолја сок од лимета и минерална вода. Сите состојки ставете ги во бледнер или пак изматете ги со миксер. Доколку ви сметаат остатоците од лубеницата, може и да го процедите сокот пред да го ставите во фижидер да се олади.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>