Top
ice-tea

Пијалаци кои го намалуваат обемот на струкот

Ако пиете доволно течности во текот на летото, сигурно ќе се чувстувате многу подобро. Меѓу сите тие течности, можете да ги вклучите и овие пијалаци кои немаат многу шеќери и калории.

Леден чај од нане
Нането одлично ја гаси жедта и освежува во текот на високите температури. Освен тоа, оваа билка ја поттикнува работата на метаболизмот и помага во разградување на мастите во организмот. Направете чај и оставете го добро да се излади.

Смуди од ананас
Свежиот ананас содржи ензим бромелин кој ефикасно ги разградува протеините од храната, го олеснува варењето на храната и ја намалува подуеноста. Затоа, ананасот се наметнува како одлична состојка во сите здрави пијалаци за критичното подрачје околу струкот. Исечкајте шолја ананас на коцки и изматете го со една чашка јогурт. Ако сакате да постигнете дополнителен ефект, ананасот помешајте го со пробиотик, кој дополнително го подобрува варењето на храната.

Лимонада со свежа краставица
Ако не сакате да пиете обична вода, тогаш пробајте ја следнава комбинација. Во два литри обична вода додадете свежа краставица исечена на кругови, сок од еден лимон или лимета, малку рендан свеж ѓумбир и неколку ливчиња нане. Оставете го пијалакот во ладилник неколку часа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>