Вистинските домаќинки знаат дека понекогаш се потребни само неколку состојки за да се направи врвен десерт. Овој десерт е идеален за жешките летни денови, бидејќи во неговата поготовка нема употреба на рерна. Рецептот вклучува 5 состојки кои сигурно најчесто ги имате во својот дом. Англичаните го нарекуваат Floating island, французите Les œufs à la neige, а германците Schnee-Eier.
Потребни состојки:
– 4 жолчки
– 2 лажици шеќер
– ½ литар млеко
– 1 ванилин шеќер
– 5 белки
– неколку бисквити
Начин на подготовка:
Најнапред се матат жолчките и шеќерот додека не се добие хомогена смеса. Млекото, 2 лажици шеќер и ванилата ставете ги на тивок оган и мешајте додека не зоврие. Белките изматете ги пенесто, а бисквитите искршете ги на парчиња. Со лажица земајте од белките и накратко ставете ги во врелото млеко. Потоа свртете ги од другата страна, додека не се зголеми нивниот обем, па ставете ги врз биквитите. Мешавината од жолчки и шеќер додајте ја во преостанатото млеко, мешајќи постојано сè додека смесата не се згусне. Оваа смеса прелијте ја врз топчињата и ставете ја во ладилник околу 3 часа. За уште подобар вкус може да изрендате чокоадо или пак да додадете парчиња овошје.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!