Top

Чоколадна торта подготвена за 15 минути

Наместо празниците, а и секој друг ден да го поминувате со часови во кујна, подгответе ја оваа чоколадна торта која е готова за 15 минути.

Потребни состојки:
30g какао во прав
90g брашно
малку сол
прашок за печиво
20g шеќер
6 лажички кокосово масло или растително масло
80ml млеко
1/2 лажичка екстракт од ванила или 1/2 ќесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:
Прво помешајте ги сувите состојки. Потоа додадете ги течните состојки и промешајте додека смесата не стане хомогена. Потоа истурете ја смесата во мал калап за торта и печете 14 минути на 170 степени. По желба, тортата можете да ја украсите си шеќер во прав или пак да ја прелиете со чоколадо.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *